Во еден ден двајца нападнати од кучиња скитници

Кучињата скитници нападнале еден маж од Кавадарци и еден од Скопје.
Вчера во полициската станица Кавадарци, 34- годишниот К.Ѓ од Кавадарци пријавил дека истиот ден на улица “Браќа Хаџи – Тефови“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Исто така вчера во 19:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 52- годишниот Б.М од Скопје, пријавил дека околу 16:30 часот на булевар „Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.