Во експлозијата која се случи денес во пекара во Париз повредени се најмалку 20 луѓе, објавија француски медиуми. Се претпоставува дека експлозијата се случила заради истекување на гас.
Портпаролката на полицијата на Париз изјави дека во инцидентот нема загинати. Полицијата ги советуваше жителите на Париз да го избегнуваат тој дел од градот.