петок, 13 ноември 2026
Најново

Во експлозија на автомобил-бомба најмалку седум жртви

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во експлозија на автомобил-бомба што утрово се случи во источниот дел на Кабул убиени се најмалку седум лица, изјави портпаролот на шефот на градската полиција, Фердус Фармарз, повикувајќи се на првични извештаи.
Целта на бомбардирањето не е јасна, но жртвите се цивили, јави ДПА повикувајќи се на изјавата на Фармарз.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Поврзани вести