Силна експлозија наводно се слушнала во населбата Техранпарс, во североисточниот дел на Техеран, Иран, според неофицијални информации што се шират на социјалните мрежи.
Според истите извештаи, воздушната одбрана е засилено активна над иранската престолнина. На социјалните мрежи се споделува и видео поврзано со настанот, но засега нема независна потврда за неговата автентичност, ниту официјални информации за причината за наводната експлозија.
Засега не се познати можната причина за инцидентот, евентуалната штета или дали има повредени.
Информациите остануваат неофицијални и чекаат потврда од релевантните институции и независни извори.



