Како што веќе потврдија данските власти најмалку шест луѓе загинаа во железничката несреќа која се случи утрово во осум часот на мост кој поврзува два дански острови.
Заради несреќата затворен е Големиот мост кој ги поврзува островите Зиланд и Фин, кој секојдневно го поминуваат десетици илјади возила. Локалните медиуми јавија дека патничкиот воз што се движел кон Копенхаген бил погоден од предмети што летнале од товарен воз во моментите кога на мостот дувал силен ветер.
Точниот број на мртви и повредени се уште не се знае, а се апелира до сите граѓани да го избегнуваат тоа подрачје за полесно да се спасуваат луѓето заглавени во вагоните. Од данската железница соопштиле дека има осум повредени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.