Кој го уби мојот ангел, мојот херој? – праша мајка на починато девојче во трагедијата во Кочани.
На денешниот Марш за ангелите, граѓаните истакнаа транспаренти со кои порачаа дека коруптивниот систем убива, дека ова не е несреќа туку убиство и дека не сакаат селективна правда.





Илјадници граѓани денеска маршираа низ Кочани барајќи правда и оддавајќи им почит на своите најмили кои ги загубија на кобниот 16 март.
Бројот на загинати во трагедијата вчера се искачи на 60 лица, повеќе од 200 беа повредени.