Во заблуда сте дека оваа намирница е здрава: Нутриционистка тврди дека таа сериозно го нарушува имунитетот и влијае на телесната тежина

Доколку се употребуваат често, можат сериозно да ја нарушат рамнотежата во системот за варење кој што е одговорен за многу работи – од телесната тежина, имунитетот до расположението.
За да стигнеме до идеалната линија на тело, пред сè мора да се откажеме од десертите. Меѓутоа, тоа за многумина е тешка работа, па луѓето кои што често сакаат да „се измамат“ самите себе, за што нутриционистите се согласни дека повремено е дозволено, често ќе си направат чај или кафе и ќе си додадат вештачки засладувачи во нив.

Иако многумина веруваат дека тие засладувачи спаѓаат во здрава храна, вистината е различна:
„Тоа е голема грешка, особено доколку консумирате вештачки засладувачи кои што не содржат калории во себе“, вели нутриционистката Али Милер.


„Воопшто не сум љубител на таквите засладувачи. Да, тие технички имаат нула калории и со тоа не ја нарушуваат нашата телесна тежина, но само поради тоа што немаат калории не значи дека немаат влијание на нашиот метаболизам“, изјавила таа.

Вештачките засладувачи можат серизно да ја нарушат нашата рамнотежа во системот за варење кој што е одговорен за многу работи во нашето тело. Многу од луѓето токму нив ги ставаат во кафето за да им биде послатко и да го „измами“ чувството на глад.

„Иако нешто има нула калории и понатаму истото може да го наруши значењето на диетата. Треба да знаете дека вкусот на шеќерот, па дури и без калории го активира GLP-1 рецепторот на јазикот кој што ќе поттикне лачење на инсулин, иако не сте внеле калории во организмот.
Инсулинот има негативно дејство на состојбата на постот и може да доведе до пад на шеќерот во крвта кој што за возврат ќе влијае на расположението и нивото на енергија“, објаснила нутриционистката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.