Во затворот Идризово се степале браќа близнаци

Во затворот Идризово во Скопје меѓу двајца браќа близнаци дошло до крвав инцидент, информираат од МВР. Додека биле во амбулантата во Идризово триесетичетиригодишниот Ф.А. го нападнал својот брат близнак, О.А. Во еден момент Ф.А извадил нож и му нанел неколку убодни рани во пределот на стомакот и десната надлактица на својот брат.
Со возило од затворот О.А. е пренесен во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“ каде што му е укажана лекарска помош. МВР се уште нема детали за причината за инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.