За среќа сè уште постојат огромен број на градови во кои нема да се чувствувате непријатно.
Иако се чини дека љубезноста тешко може да се измери, компанијата „Bounce“ во тоа успеала.
Нивната студија рангирала градови во Европа земајќи ги предвид низата фактори, од криминал и ниво на среќа до LGBTQ+ ставови.
„Не прави го она што тебе не сакаш да ти го прават“ – тоа би можела да биде универзалната мисла за поубав и подобар свет.
Но, секако не сме сите прекрасни и добри, па некои градови, односно нивните жители се помалку или повеќе (не)пријателски расположени.
Меѓутоа, доколку посетите некои од овие градови, не мора да се грижите за мирот и пријатната атмосфера.
Кога станува збор за изборот каде ќе слетате или ќе стигнете со автомобил, секако важна е љубезноста на жителите затоа што не сакате никаде да стигнете и да не уживате во престојот.
За среќа, сè уште постојат огромен број на градови во кои нема да се чувствувате непријатно.
На врвот од истражувањето, на крај се нашол градот на банките, часовниците и сирењето – Цирих. Градот добил совршена оцена за прифаќање на LGBTQ+ членовите, како и висока оцена за среќа и ниска оцена за криминал, а според зададените критериуми се покажал како најпријателска дестинација во Европа.
„Сребрениот медал“ го освоил Копенхаген, исто така во голема мера благодарение на степенот на среќа и прифаќањето на LGBTQ+ популацијата, додека на третото место се нашол Минхен којшто очигледно ужива во исклучително ниската стапка на криминал.
Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин исто така го заслужуваат местото во ТОП 10 листата на градови според истражувањето.
Во суштина, доколку одите во било кој од овие градови, очекуваме да се вратите со насмевка на лицето.