Во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер кој ноќта во саботата го погоди регионот близу јапонскиот пристанишен град Кобе, повредени се најмалку 24 лица и оштетени се повеќе домови, објави во саботата јапонската метеоролошка служба.Набрзо по земјотресот агенцијата предупреди дека на места може да дојде до мало подигнување на нивото на морето, но не објави опасност од цунами. Полицијата објави дека најмалку 24 лица се повредени.Јапонската јавна телeвизија NHK јави дека пукнал водоводот во градот Аваџи, на истоимениот остров, како и за уривање на ѕид во Осака. Пукнатини на почвата се забележани во едно основно училиште, како и други на други места и има помали штети.Портпаролот на јапонската влада Јошиде Суга потврди дека земјотресот на предизвикал големи штети, Кризниот штаб на кабинетот на премиерот бил активиран набрзо по земјотресот во 05.33 часот во сабота по локално време (23.33 часот по македонско време во петок) во префектурата Хего. Жариштето на семејството бил регистриран на длабочина од 10 километри под површината.Меѓународниот аеродром Кансаи ги затвори извесен период двете свои писти поради проверка на безбедноста. Движењето на супер брзите возови на релациите меѓу градовите Кјото, Осака и Кобе, исто така, беше привремено запрено.Пред 20 години, на 17-ти јануари 1998 година во градот Кобе во префектурата Хего се случи еден од најразурнувачките земјотреси во историјата на Јапонија. Неговата магнитуда беше 7,3 степени по Рихтер, а во него загинаа 6.430 луѓе, беа разурнати повеќе од 200 илјади објекти, а штетата беше проценета на 102,5 милијарди американски долари.
МакфаксВо земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер кој ноќта во саботата го погоди регионот близу јапонскиот п