Во Идризово починал затвореник
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера во затворот „Идризово“ бил пронајден мртов затвореник. Седумдесет и двегодишниот С.П., кој издржувал казна затвор вчера е пронајден мртов, без траги на насилство на телото.
Од директорот на затворот е потенцирано дека станува збор за природна смрт и дека случајот не е поврзан со КОРОНАВИРУСОТ. Осуденикот подолго време имал здравствени проблеми.
За настанот е известен и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: