Во Израел запалени два автобуса за палестински работници

Два автобуса коишто се користеле на новите автобуски линии во Израел резервирани само за палестинските работници „изгледа се запалени” во арапско-израелското село Кфар Касем во северен Израел, ноќта кон вторникот, соопшти локалната полиција.

 „Два автобуса изгледа се запалени, но ги истражуваме сите траги”, изјавила портпаролката на израелската полиција Луба Самри, истакнувајќи дека е отворена истрага но дека не е уапсен ниеден осомничен, пренесува AFP.
Возилата биле запалени во знак на протест против воведувањето на овие специјални линии, според полициски извори, на коишто се повикува израелското воено радио.
Израел во понеделникот ја стави во функција автобуската служба наменета исклучиво за палестинските работници, предизвикувајќи реакции за сегрегација во јавниот сообраќај.
Почнувањето на работата на автобуските линии кои би го поврзувале преминот Ејал во близина на Калкилија, на северот од палестинската енклава Западниот брег, со англомерацијата Тел Авив, е продолжување на протестите на доселениците кои се незадоволни од тоа што мора да ги споделуваат средствата од јавниот сообраќај со Палестинците, наведувајќи како ја причина за тоа опасноста од напади.
Израелското министерство за сообраќај одговори на обвинувањата за сегрегација тврдејќи дека новите автобуски линии се наменети како „замена за пиратските оператори коишто ги превезуваат работниците по претерани цени”
Makфакс
Два автобуса коишто се користеле на новите автобуски линии во Израел резервирани само за палестинските работници &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: