Најмалку 11 луѓе се убиени во судирите меѓу полицијата и индиските племиња кои се противат на локалните избори кои се одржуваат во индиската држава Асам.„Ситуацијата е многу критична. До сега се пријавени 11 мртви и најмалку шест повредени“, вели за France Press полициски функционер.Според него, деветмина се убиени кога полицијата отворила оган откако две племиња, кои се противат на одржувањето избори, почнале да палат по селата и нападнале надлежни лица во владата.„Племињата Раба и Хасонг сакаат автономија и ја отфрлаат управата во таа област“, додава полицискиот функционер.Судирите избија во Гоалпара, околу 120 километри од главниот град Асам Гувати.Агенциите потсетуваат дека североистокот на Индија веќе со децении е тврдина на меѓуетнички сепаратистички групи, иако некои бунтовници неодамна почнале мировни преговори со владата, а нередите во државата Асам, богата со нафта и позната по производство на чај, однесоа повеќе од 10.000 животи во последните две децении.
Макфакс