Во Ирак се роди бебе со три пениси

Бебе од Ирак влезе во историјата. Родено е со три пениси.
„Колку што знаеме, ова е прв забележан случај на бебе родено со три пениси или трифалија“, напиша д-р Шакир Салем Џабали во студијата објавена во International Journal of Surgery Case Reports.
Родителите на машкото бебе го донеле во болница кога имало три месеци поради оток на скротумот. Сепак, лекарите тогаш забележале дека има два дополнителни пениса. Еден долг 5 сантиметри близу коренот на примарниот, и другиот долг 2,5 сантиметри под скротумот.
Аномалијата особено ги изненади лекарите затоа што детето не било изложено на лекови во матката и немало семејна историја на генетски аберации, објавија авторите на студијата.
Бидејќи дополнителните фалуси немале функција, лекарите решиле хируршки да ги отстранат, пишува New York Post.
Сличен случај се најде на насловните страници во Индија во 2015 година, но не можеше да се потврди затоа што не беше медицински документиран, објави тогаш Daily Mail.
Дифалија, состојба кога машко дете ќе се роди со два пениса, наводно се јавува каједно од 5 или 6 милиони родени машки бебиња, а во официјалната литература се наведени 100 вакви случаи во историјата. Лекарите сè уште не ја утврдиле причината за фаличната деформација, но ја поврзуваат со други вродени аберации, како што се раѓања со два скротуми или два ануса, според истражувањето на Светската здравствена организација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.