Во ист ден и директор на АНБ и асистент на Факултетот за безбедност- откриена биографијата на Христовски, лани ги исполнил условите за директор со дипломирање на „Туризам и менаџмент“

Денеска се огласи и факултетот за безбедност кој во својот анекс билтен потврди дека новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е избран за асистент по криминалистички науки. Во биографијата која ја објави факултетот може да се заклучи дека условите за кандидат за директорската позиција, Христовски ги исполнил минатата година, дипломирајќи на економскиот факултет при универзитетот за туризам и бизнис во Скопје, бидејќи со неговото претходно образование како дипломиран тренер по кик-бокс не ги исполнува условите од конкурсот, пишува Телма.

Новиот директор на АНБ бил на раководни позиции во УБК во период од 2012-та до 2017-та, но нема точни датуми за да се потврди дали има полни пет години стаж на раководна позиција, како што стои во законските услови за директор на АНБ. Дополнително, според неговата биографија пријавена на факултетот за безбедност, Бојан Христовски добил сертификат за англиски јазик ТОЕФЛ во бугарски Пловидв во јазично студио „Јулија“.

Христовски во минатото бил активен член и претседател на неколку управни одбори, како што се клиниката за ортопедија, основното училиште „Љубен Лапе“, градинката „Буба Мара“, стои во биографијата на Христовски.

Тој бил и член на комисија за полагање на испит за ракување и употреба на оружје во струшко Лабуниште, како и претседател на одбор за финансиска контрола на националниот парк Пелистер во Битола. Сите овие функции ги извршувал во периодот од 2007 до 2017-тата година.

Извор: Телма

Пронајдете не на следниве мрежи: