Канада плаќа 2,9 милијарди долари како компензација за загубата на домородните јазици и култури предизвикани од нејзиниот школски систем, објави Би-Би-Си.
НА ТЕМА УБИСТВО, ГЕНОЦИД ПУЛС24 ЗА ВАС ИМА НАД 2500 ТЕКСТОВИ. ТУКА!!
Во 2012 година, 325 членови на Првите нации, што е колективно име за припадниците на домородните народи на тлото на денешна Канада, поднесоа тужба за злоупотреба на домородните Канаѓани, што резултираше со губење на јазикот и културата.
Околу 150.000 деца од првите нации, Метис и Инуити биле земени од нивните семејства за да посетуваат задолжителни државни интернати од 19 век до 1970-тите, при што многу деца страдале од физичка, емоционална и сексуална злоупотреба, пишува британскиот јавен сервис.
Канадскиот министер за односи со домородните луѓе, Марк Милер, оцени дека паричниот надомест „нема да го избрише или компензира минатото“, но „може да се справи со колективната штета предизвикана од минатото на Канада“.
Во последниве години, домородните заедници пронајдоа докази за стотици необележани масовни гробници на теренот на интернатите, а експертите проценуваат дека најмалку 3.200 деца починале во некои од 130-те интернати.
Во извештајот на Комисијата за вистина и помирување објавен во 2015 година, беше наведено дека канадскиот училишен систем спроведува „културен геноцид“ врз домородните деца, наведува Би-би-си.
Задолжителниот интернат беше дел од културната политика насочена кон асимилација на домородните деца и уништување на нивната култура и јазик.
Регионалниот шеф на Собранието на првите нации на Британска Колумбија, Шејн Готфридсон, рече дека „секогаш имало борба“ за човековите права на домородците во Канада.
„Ова е почеток на нова ера за нашиот народ во Канада“, рече Готфридсон.
Парите од компензацијата ќе се насочат во непрофитен фонд наменет за поддршка на „лекувањето, образованието, наследството, јазикот и благосостојбата“ на домородните народи во период од 20 години, јавува Би-Би-Си.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.