На 17.09.2022 во 19.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ со повреда од огнено оружје бил донесен Г.А.(28) од Гостивар, кој набргу починал.
Обвинителите беа на лице место:
При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти.
Преземени се и други дејствија од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Г.А. се здобил со повредите во дворното место од семејната куќа, а во кантата за отпадоци бил пронајден пиштол. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.