Во Кина се запали автобус полн со туристи, загинаа 26 лица

Во пожар кој изби во туристички автобус на автопат во централната кинеска провинција Хунан настрадаа 26 лица и уште 30 луѓе се повредени од кои, како што се наведува, петмина се наоѓаат во критична состојба.
Трагедијата се случила синоќа по локално време во градот Чангде во округот Ханшоу. Во автобусот имало 53 патници, туристички водич, како и двајца возачи. Додека властите не ги утврдат причините за пожарот возачите ќе останат приведени.
Како што се гледа од фотографиите од местото на несреќата автобусот е целосно јагленисан, а “Ројтерс“ наведува дека е можно пожарот да избил поради материјалот кој бил во возилото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.