Процесот на стареење варира од личност до личност. Некои луѓе порано забележуваат знаци на стареење, вклучувајќи седа коса и брчки, додека други изгледаат младешки и во подоцнежните години. Сепак, истражувањата идентификуваа два специфични периоди во кои брзо старееме.
Анализирани се значајни промени како што се способноста за „преработка“ на алкохол и кофеин, метаболизмот и веројатноста за развој на кардиоваскуларни заболувања, кои се јавуваат во „нелинеарни шеми, а не како постепен процес“.
Тимот на Медицинскиот факултет Стенфорд следел над 135.000 биолошки маркери кај 108 луѓе во текот на неколку години. Истражувањето, предводено од Мајкл Снајдер, претседател на Одделот за генетика, открило дека 81 процент од молекулите поврзани со стареењето се менуваат во нелинеарни шеми.
Наместо постојано да напредува, молекуларната активност доживеа брзи промени на две дефинирани возрасти: 44 и 60 години. Резултатите од истражувањето беа објавени во професионалното списание Nature Aging.
Иако истражувањето не идентификуваше потенцијална причина за промените, се додава дека промените во животниот стил во овие два животни периоди може да играат улога.
Консумирањето алкохол има тенденција да се зголемува во средната возраст, како и стресот, додека квалитетот на спиењето има тенденција да се намалува со возраста, а тоа може да има негативно влијание врз кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем.
The post Во кои години луѓето драстично стареат: Овие периоди се пресвртни точки appeared first on Во Центар.



