Во кои ситуации не треба да се мерите на вага?

Експертите велат дека луѓето кои се на диета треба да се мерат еднаш дневно. По диетата препорачуваат да се мерат на секои две недели, а по тој период да се мерат еднаш месечно.
Треба да избегнуваме секојдневно мерење затоа што тоа неповолно влијае на нашата мотивација за диета, особено ако не ги губиме килограмите со брзината која сме ја посакувале.
Бројките на вагата се она што обесхрабрува многу луѓе кои сакаат да ослабат. Еве во кои ситуации не треба да се мерите:
1 . Една недела пред менструација
Во период од 7 до 5 дена пред менструацијата, телото ја задржува водата поради хормонски промени во организмот, па поради тоа и вашата телесна тежина е поголема. Почекајте барем до вториот или третиот ден од менструацијата ако сакате да се мерите затоа што дотогаш телото веќе би требало да го исфрли вишокот вода.


2. Утрото по напорен тренинг
Сте одлучиле да поминете цел ден во движење и вежбање за да го забрзате процесот на слабеење. Следното утро возбудено се движите накај вагата уверени дека сте изгубиле некој килограм, но вага не покажува никаков напредок.
Вежбањето ги уморува мускулите, а понекогаш и предизвикува мали повреди, па потребен им е одмор. По завршување на активноста во организмот доаѓа до испуштање на разни течности кои потоа ги лечат уморните мускули. Токму вишокот на водата е причина поради која стрелката на вагата не се поместува во посакуван правец. Затоа почекајте барем два дена по вежбањето за да го мерите својот напредок.
3. Откако сте јаделе солен оброк
Познато е дека солта и сите намирници кои содржат сол поттикнуваат задржување на вода во телото. Кривец за тоа е натриумот. Доколку сте јаделе солена храна, можете да очекувате и благ пораст на бројките на вагата па затоа е и подобро да не се мерите 24 часа по тој оброк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.