На меѓународниот натпревар во Велико село, Србија, каде се оценуваше квалитетот на медот, четворица гевгелиски медари освоија пет златни медали во конкуренција на медари од седум држави со што се потврди дека медот од Гевгелија има врвен квалитет.
Саемот на медот се одржа по повод дочекот на медарската Нова година, а одличните резултати ги постигнаа медарите Игор Илков, Кристијан Алчинов, отец Атанасиј и Лујза Богатинова сите членови на здружението „Нектар” од Гевгелија.
Две златни медали освои Игор Илков за органски светол и темен мед од околината на Кованец, Кристијан Алчинов освои златен медал за ливадски мед од околината на Конско, отец Атанасиј за ливадски мед од околината на Серменин, сите три села сместени во пазувите на планината Кожуф, и Лујза Богатинова се закити со златем медал за органски ливадски мед од околината на Богданци. /МИА