Во координирана акција во затворот во Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи

Вчера беше спроведена координирана акција во КПД Штип. Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО. При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 шрафцигери и 23.500 денари кај едно лице. Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи. Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба, ќе сноси одговорност. Никој нема да биде поштеден од одговорност. Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.