Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?

Дури и ако од исхраната сте ги исфрлиле лебот, тестото и сè друго што е направено од брашно, голема е веројатноста одвреме-навреме да посакате нешто благо. Ова е сосема во ред, но само ако се консумира умерено. Ако имате потреба од јаглехидрати, треба само да знаете кој е најдобриот дел од денот за овој вид храна.
Во кој дел од денот е најдобро да изедете нешто благо?
Наводно, постои дел од денот кој е најлош за консумирање јаглехидрати. Според нутриционистката Шауни Сако, продуктите како бел леб и печива не би требало да ги јадете за појадок.
„Најважниот оброк за урамнотежена исхрана е појадокот. Тогаш внесувате гориво за целиот ден и важно е нивото на шеќер во крвта да биде постојано. Можеби е тешко да подготвите добар појадок бидејќи повеќето луѓе немаат време и веројатно често се задоволувате со нешто благо, како на пример палачинки. Ако сметате дека е подобро да внесувате калорична храна наутро бидејќи има време кога да ги согорите калориите, тогаш само си штетите. Причината е што не му давате доволно енергија на телото за денот кој ве чека“, изјавила Сако.


Според нејзините препораки, никогаш не е добро да јадете оброк со шеќер и рафинирани јаглехидрати. Без рамнотежата од протеини и добри јаглехидрати, нивото на шеќер нагло ќе порасне, а потоа ќе се спушти и ќе направи да се чувствувате гладно и без енергија.
Најдобро е да појадувате продукти богати со протеини и добри јаглехидрати. Ова може да бидат варени јајца или јаткасти плодови. Ако сакате нешто брзо можете да додадете путер од бадеми во овесната каша или да изедете јаболко со путер од кикирики. Исто така одличен појадок е препечен интегрален леб со сланина и домат.
„Ако сакате да се задоволите со нешто благо или нешто со брашно, најдобро е да го направите тоа пред крајот на денот. На овој начин ќе го избегнете падот на шеќерот во крвта и новата желба за нездрава храна.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.