Британското кралско семејство е секогаш во центарот на вниманието , а нивната воздржаност, кога се во прашање разни гласини, само уште повеќе го разгорува огнот .Но, еден од нив реши да проговори и со тоа крена голема бура. Во својата биографија „Резерва“, принцот Хари откри како во една прилика неговиот брат принцот Вилијам го удрил поради Меган Маркл .Меѓу редовите на биографијата се споменуваат и информации за кои се дебатира со години, имено дека кралот Чарлс наводно не е татко на Хари . Реакцијата на кралот кога сфатил дека принцезата Дијана го родила неговиот црвенокос син, неколку пати се расправаше во јавноста .Подоцна, кога позираа како и обично пред болницата во Лондон, кралот Чарлс беше фатен не баш среќен како кога се роди Вилијам. Покрај шпекулациите дека Хари не е негов син, постои и верзија во која се тврди дека кралот сакал ќерка , а дека Дијана до последен момент криела дека повторно носи син .Имено, принцезата Дијана имала исклучително тешко породување кое траело девет часа, а црвената коса на Хари била спомната, подоцна, во бројните расправии меѓу сегашниот крал и покојната принцеза.Дека кралот Чарлс не бил воодушевен поради раѓањето на неговиот втор син, покажува и фактот што истиот ден кога Дијана и Хари беа пуштени од породилиште, тој отиде да игра поло. Потценување е да се каже дека сите брмчеа за неговото однесување нарекувајќи го бездушен, но имаше и такви кои го разбраа, поради гласините дека Хари не е негов син.Во тоа време, и Чарлс и Дијана имаа големи афери. Имаше гласини дека Дијана забременила со офицерот на коњаницата на британското кралско семејство во тоа време, Џејмс Хјуит , единствениот човек што Дајана призна дека го сака . Во исто време, сличноста меѓу Хари и Џејмс е толку голема што многумина се уште се убедени дека тој е неговиот татко.Во својата биографија, Хари на некој начин ги потврди тие гласини. За време на посетата на ментална институција во Бродмур, кралот Чарлс и принцот Хари имале средба со пациент кој тврдел дека е принцот од Велс, на што нашиот крал рекол: „ Кој знае, Хари, можеби јас не сум твојот татко. “Овие зборови длабоко го повредиле Хари , па тој во книгата напишал дека шегата била многу невкусна со оглед на тоа што сите мислат дека Џејмс всушност е неговиот татко.Меѓутоа, Џејмс Хјуит , во една прилика, на прашањето дали верува дека тој е татко на Хари, рече дека не верувал затоа што тој и Дијана започнале афера дури по раѓањето на принцот.
Пронајдете не на следниве мрежи: