Кревет стар 400 години во кој спиеле 15 генерации на аристократско семејство е прогласен за најстар кревет во Велика Британија кој се уште е во употреба.Стариот кревет со раскошно, во дрво издлабено зглавје, користен е во дворецот Беркелеј во Глочестершир од 1608 година.Него сега го користат Џон Беркелеј (81) и неговата сопруга Џорџина (73).Историчарите велат дека креветот потекнува од периодот меѓу 1560 и 1640 година.Тие веруваат дека кралските раце на средината на зглавјето потекнуваат од монархијатаСтјуарт и дека креветот датира од периодот на крунисување на Џејмс I 1603 година.Машката и женската фигура во пиедесталот ги претставуваат Хенри Беркелеј, седмиот барон и неговата сопруга Џејн.„Покрај тоа што е многу стар, оа е најудобниот кревет во целиот дворец. Спиењето на него ви дава вистинско чувство за британската историја“, вели Џорџина.Фамилијата Беркелеј во британската историја се познати по тоа што секогаш имаат машки наследници, потомци на саксонскиот предок кој живеел пред 1066 година.
МакфаксКревет стар 400 години во кој спиеле 15 генерации на аристократско семејство е прогласен за најстар кревет во Ве