Во критична состојба се уште двајца од автобусот што се преврете кај Ласкарци

Уште двајца од повредените патници од автобусот кој се преврте кај Ласкарци се уште се во критична состојба. Седуммина од повредените се хоспитализирани во ГОБ “8 Септември“, а четворица се сместени на Ургентниот центар при комплексот клиники “Мајка Тереза.  Тројца од нив се во добра состојба, додека еден пациент кој е на КАРИЛ е во критична состојба.
Од Министерството за здравство, за ТВ“Алфа“ изјавија, дека се очекува поголем број од полесно повредените во текот на денов да бидат пуштени на домашно лекување.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.