Во критична состојба уште двајца заболени од грип

– Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи, дека за жал, се случиле такви медицински компликации што не можело да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип.
– Тие беа со претходни заболувања од кои две беа деца. Ние сме во секојдневна комуникација со сите членови на Комисијата за заразни болести, со директорката на Клиниката за инфективни болести и се преземаат сите мерки, рече д-р Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.