Во Македонија нема западно-нилска треска

Шпекулациите наведени во некои медиуми дека случај на западнонилска треска е откриен на инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“ Министерство за здравство ги отфрла.
“Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено присуството на вирусот на западно-нилска треска. Пациентот, којшто се издвојува во прилог на една телевизија, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје“, велат од Министерството.
Од таму порачуваат дека во ниту еден момент немале намера да прикријат какви било информации и ги уверуваат граѓаните дека во континуитет ја следaт состојбата, за евентуалната појава на вирусот на западно – нилска треска, но и за евентуална појава на други вируси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.