Денес Регулаторната комисија треба да ги соопшти новите цени на бензините, дали ќе се покачат или ќе се намалат останува да видиме.
Со последната промена пред две седмици цените на горивата се зголемија. Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар, а на мазутот М-1 НС за 0,677 денари за килограм и изнесува 33,375 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена за 3,53 насто и повисокиот курс на денарот во однос на доларот за 0,03 насто.