Според податоците од анализите направени од “Еуростат“ просечниот работен век во Македонија изнесува 32 години. Индикаторот за должината на работниот век, според “Еуростат“, покажува колку едно лице кое е во моментов 15-годишно, ќе биде активно на пазарот на труд за време на неговиот живот.
Сличен работен век имаат и земјите од нашето соседство, односно во Грција, Бугарија и Романија тој изнесува 33 години. Најкус просечен работен век има во Турција 29 години, а најдолг во Исланд 47 години.
Во земјите членки на Европската Унија просечниот работен век е 36 години, и тоа од 32 години во Италија до 42 во Шведска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.