Во Македонија се уште нема, но во Србија комарци повторно заразени со смртоносниот вирус Западен Нил

Покрај седум градови низ Србија, и во Белград се регистрирани комарци заразени со вирусот Западен Нил, кој во 2018 година зеде повеќе од 20 животи во таа држава.
Сепак, оваа година нема болни луѓе од таа треска, па затоа нема причина за загриженост, вели Иван Алексиќ од Институтот за биоциди и медицинска екологија.
Вирусот Западен Нил е присутен во Србија од 2012 година. Секоја година има различен број пациенти, па не е можно да се предвиди како ќе биде оваа година. Во 2013 и 2018 година беше исклучително топло и погодно за развој на комарци. Оваа година треба да биде со помалку заразени и болни, па се надеваме дека нема да се повтори минатата година, – изјави Алексиќ од Биоцидниот институт за ТВ „Прва”.


Според него, бројноста на речните или шумските комарци, кои се поагресивни и присутни во сите делови на градот, полека се намалува, а бројноста на „обични” или „домашни” комарци кои се пренесувачи на вирусот Западен Нил е во пораст.
Досега се регистрирани комарци заразени со вирусот Западен Нил, освен во Белград, и во Шабац, Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Велико Градиште, Сомбор и Сремска Митровица, а засега во тие градови нема пациенти со треска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.