Во МВР ќе се пијат сокови во вредност од 325 илјади евра

Министерството за внатрешни работи планира да потроши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на МВР во износ од 20.000.000 денари за природни и газирани сокови.
Во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови , газирани и негазирани, додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари односно претворено во евра 325 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.