вторник, 24 ноември 2026
Најново

Во Мексико денеска почнува вакцинацијата на здравствените работници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Мексиканските власти соопштија дека денеска ќе почне вакцинирањето против Ковид-19 на здравствените работници.
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор, непосредно пред заминувањето на вакцините на Фајзер/БиоНТек од Белгија, изјави дека првите вакцинации ќе започнат во болниците во главниот град и во градот Салтило во северниот дел на земјата.
– Вистина е дека се соочивме со страшна епидемија, но денес е почетокот на нејзиниот крај, рече мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.
Тој не одговори колку точно вакцини ќе пристигнат во Мексико, а некои мексикански медиуми тврдат дека од Белгија пристигнуваат само 3.000 дози вакцина.
Покрај договорите со „Фајзер“, Мексико потпиша договори за набавка на вакцини и со други производители.
Досега во Мексико се потврдени повеќе од 1,4 милиони случаи на коронавирусот и 119.495 смртни случаи.

Поврзани вести