Засега нема предлог во Министерството за правда околу уставните измени, кои треба да произлезат од имплементацијата на Договорот од Преспа, изјави денеска министерката за правда Рената Треневска Дескоска.
Одговорајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени и натамошните чекори на маргините на регионалната конференција на тема дерадикализација, постапување и ресоцијализација на осудени лица во Западен Балкан, таа рече дека претстојните денови треба да се донесат одлуки за натамошниот тек на настаните.
„Треба да се донесат одлуките дали ќе се оди на предвремени избори или на уставни измени, ако се обезбеди мнозинството“, дополни Дескоска.
Таа уште појасни дека почетната процедура во подготовка за измена на Уставот не подразира веднаш да се почне со уставни амандмани, кои се технички драфтирани, туку со предлог за измена на Уставот, кој е во описен текст.
„Така што доколку постои мнозинство Владата ќе почне со таа постапка“, рече Декоска.
Исто така таа изјави дека кога ќе се согледаат натамошните чекори ќе се постигне договор во рамки на Владата околу тоа која институција ќе ја преземе обврска за изработка на измените.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.