Во Министерството кое го раководел Груби, од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше предводено од Артан Груби, тврди новиот министер Иван Стоилковиќ, кој во интервју за „Канал 5“ ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.

– Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.

Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции.

Пронајдете не на следниве мрежи: