Дарја Дугина, ќерката на познатиот руски филозоф и аналитичар Александар Дугин, почина ноќта меѓу саботата и неделата во Москва, откако автомобилот што го возела експлодирал, пишува Раша Тудеј.
Теренецот Toyota Land Cruiser експлодира недалеку од Болши Вјаземки во московскиот регион околу 21:45 часот по локално време.
Очевидци тврдат дека по експлозијата делови од возилото летале на сите страни, додека запалениот автомобил продолжил да се движи и удрил во ограда.
Истиот портал пишува дека Дарја се враќала од музичкиот фестивал „Традиција“ со автомобилот на нејзиниот татко, додека Дугин со нејзиното возили се враќал дома, па сомнежите се дека бомбата била наменета за него.
Дарија Александровна Дугина е родена во 1992 година и дипломирала на Филозофскиот факултет на Московскиот државен универзитет.
Таа беше членка на Меѓународното евроазиско движење основано од нејзиниот татко Александар Дугин.
Александар Дугин е влијателен руски филозоф и, според многу западни аналитичари, „главниот идеолог на Кремљ“.
Тој ги постави темелите на новото евроазиство, според кое подрачјето од Даблин до Владивосток треба да се обедини за да се спротивстави на американскиот „атлантизам“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.