Цеца раскажа колку и значело пријателството на Маријана во моментите кога и било најтешко.
Цеца Ражнатовиќ синоќа го прослави празникот Свети Никола, а Маријана Матеус со години е гостинка на сите прослави на пејачката.
Иако синоќа уживаше во друштво на многу пријатели и членови на семејството, Цеца објави фотографија само со Маријана, за која еднаш објасни колку и значи.
– Мојата најдрага Маријана Матеус.
Тие две се зближија во најтешките моменти за фолк ѕвездата во 2016 година.
Матеус еднаш откри како се запознале таа и Цеца:
-Можеби луѓето мислат дека сме се запознале на нечиј концерт, но сме се запознале на училиште. Ќерка ми една година живееше во Србија и одеше на училиште со Вељко. Никогаш нема да го заборавам првиот пат кога ја видов Цеца на родителска средба, изјави Маријана Матеус.
Цеца раскажа колку и значело пријателството на Маријана во моментите кога и било најтешко.
-Пријателството датира од тоа време и во добро и во лошо. Сите го знаете периодот кога бев дома, малку подолго (куќен притвор), тогаш Маријана почесто доаѓаше во Белград и никогаш не пропушташе да мине да ме види. Секогаш кога доаѓаше со полни раце подароци и тие се пријатели кои никогаш не се забораваат. На моите деца секогаш им носеше разни подароци за да ги расположи, изјави Цеца.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.