Во недела на „Школка“, голем хепенинг за подобар свет – „Правиме добри дела и растеме заедно“ (ВИДЕО)

На 14 април (недела) на Школка во Градскиот парк, со почеток во 10:30 часот ќе се случи најголемото и најблагородно дружење кај нас со цел ширење на добрина и хуманост. Настанот со име „Правиме добри дела и растеме заедно“е во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.
Веќе трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено месец април е посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна но сепак слична.
Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите каде ќе учествуваат многу уметници, а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.
На оваа тема гостин во Отворено Студио 1 беше Маја Бабиќ, еден од организаторите на настанот според која „тој што направил добри дела треба да продолжи да прави добри дела“.
„Ако јас направам добро дело за тројца и тие тројца направат за уште тројца, со математичка прогресија правиме добри дела низ целиот свет“, изјави Бабиќ.
Целиот разговор со Бабиќ погледнете го во видеото:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.