Во Норвешка во халал производите најдено свинско

Норвешките власти за контрола на храната ќе го тужат произведувачот на месо „Kuraas” по откривањето дека во производите кои се декларирани по халал стандардот се пронајдени големи количества свинско месо, соопшти во петокот во Осло претставничка на службата.

 
„Ќе го тужиме производителот, норвешката групацијата 'Kuraas'. Во халал производите воопшто не би смеело да има свинско, а кога ќе најдете пронајдете големо количество свинско месо во таквите производи, тогаш тоа не е случајно, туку станува збор за измама”, изјави Катерине Сигне Свиндланд од норвешката агенција за контрола на храната, пренесува AFP.
Од корпорација „Kuraas” во своја одбрана издадоа соопштение во кое се вели дека „можат да ги презентираат фактурите за купување на големи количества месо според халал стандардите”. „Фактурите одговараа со она што го купивме и го продадовме”, изјави директор на маркетиншката служба на компанијата, Кенет Кураас.
Норвешката агенција за контрола на храната појасни дека количествата на откриеното свинско место во халал месните производи се движат меѓу пет и 30 отсто.
Макфакс
Норвешките власти за контрола на храната ќе го тужат произведувачот на месо „Kuraas” по откривањето дека во производи

Пронајдете не на следниве мрежи: