Во Норвешка дозволени максимум 10 гости за Божиќ и новогодишната ноќ

Норвежаните можат да поканат до десет гости во своите домови за Божиќ и Нова година, соопшти денеска премиерката на Норвешка Ерна Солберг.
– Не сакаме Новата година да ја почнеме со зголемен број на заразени лица и нови ограничувања во јануари, рече Солберг на прес-конференција, додека европските земји се борат со упатства за граѓаните за прославите на Божиќ и Нова година во обидите да го ограничат ширењето на коронавирусот.
Во Норвешка досега се регистрирани 36.591 случаи на коронавирусот, додека 334 лица починале, покажуваат податоците на веб-страницата Worldometers.

Властите се најмногу загрижени за Осло и околните области, каде што е забележан најголем број на случаи со коронавирус.
На 6 ноември, Осло ги затвори театрите, кината, центрите за вежбање и базените и забрани барови и ресторани да служат алкохол, што принуди многу од нив целосно да затворат.
Рестриктивните мерки низ целата земја вклучуваат ограничување на јавни собири на 20 лица и ставање во карантин на луѓе кои доаѓаат од странство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.