Во обид да го спаси своето царство Џејми Оливер банкротира

“Сметката ми е празна. Веќе не смеам да ризикувам” , изјави познатиот готвач и сопственик на ресторани – Џејми Оливер.
Популарниот готвач, Џејми Оливер веќе подолго време се соочува со сериозни финансиски проблеми . Откако минатата година неговиот синџир на ресторани се соочи со банкрот, Оливер вложи 12,7 милиони фунти, односно сите свои заштедени пари за да го спаси своето царство. Но , тоа остави сериозни последици, па како што вели готвачот , сега останал без ниедна фунта.
“Немам веќе пари за дополнителна поддршка на рестораните”, изјави Оливер. На прашањето дали повторно би се изложил на ризик за ново вложување, тој е дециден.
“Не зошто ништо не ми остана на сметката . Не смеам веќе да рескирам и да ги загрозам луѓето кои работат за мене“, заклучи готвачот.
Инаку , првиот ресторан наречен Jamie’s Italian тој го отвори во 2008. година, а на почетокот на годинава беше принуден да затвори дури 12 свои претставништва заради долг од 71,5 милиони фунти. Отказ добија околу 600 вработени во неговите ресторани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.