Во објект во Гостивар затекнати седум Јужноамериканки

Полицијата ноќеска извршила контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, каде биле затекнати седум странски државјанки кои ја злоупотребиле целта на туристичкиот престој во државата.

Девојките биле на возраст од 22 до 34 години, меѓу кои пет се од Бразил и по една од Колумбија и Венецуела.

Од МВР велат дека странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатаможна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи: