Компанијата „Зипјет“ спровела студија во која ги рангирала светските градови врз основа на разни податоци, а со цел да дојде до листата на градови кои се најмалку стресни за живот.
На прво место се наоѓа Штутгарт – град во кој секојдневниот живот поминува без никаков стрес.
За да дојде до конечниот резултат во 500 светски градови се разгледувани следните фактори:
Град: густина на населението, зелени површини, сообраќај, сончеви денови, перцепција за сигурност, јавен превоз.
Загадување на околината: загадување на воздухот, загадување од врева.
Финансии и невработеност: долг по глава на жител, социјална сигурност и семејна купувна моќ.
Население: ментално здравје, телесно здравје и рамноправност на половите.
Ова е листата на 10 светски градови ослободени од стрес:
1. Штутгарт
2. Луксембург
3. Хановер
4. Берн
5. Минхен
6. Бордо
7. Единбург
8. Сиднеј
9. Грац
10. Хамбург