Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија

Во овој момент нема услови за уставни измени. Има недостиг на доверба во однос на испораката кон нас како држава така што сега Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон спроведување на уставните измени, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Муцунски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе рече дека како држава имаме преземено конкретни чекори на европскиот пат.
– Првото е тоа што го правиме во однос на Реформската агенда. Второто е тоа што го правиме во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, но многу повеќе е тоа што го правиме за имплементација на европските вредности. И на крајот на денот, за објективната посветеност на земјата кон европските вредности, кои се некогаш дури и поширок контекст од примената на заедничката надворешна и безбедносна политика, рече Муцунски.
Во однос на Бугарија, Муцунски рече дека секогаш сме биле подготвени за дијалог, но дека недостиг на волја за таков дијалог имало од страна на една од претходните политички влади во Бугарија.
– С надевам дека има свест во Софија дека европската перспектива за нашата држава е значајна за целиот регион. И да нема таква свест и да не се развие таква свест, тоа не значи дека ние размислуваме за некоја алтернатива, но ние ќе продолжиме на патот на реформите, ќе продолжиме на патот на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика и ќе продолжиме да ги споделуваме тие европски вредности во кои огромно мнозинство на нашите граѓани веруваат, рече Муцунски.
The post Во овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: