Наместо да трошите пари на скапи шампони и препарати, испробајте некои од природните решенија. Ако имате мрсна коса, коса без сјај или чест првут, започнете да користите аспирин уште денес.
Аспиринот може да го отстрани вишокот масло од косата, правејќи ја косата мека, сјајна и бујна. Многу жени имаат позитивно искуство во стопроцентно отстранување на првут, кога го користат.
Апсиринот дава брзи резултати, бидејќи не продира длабоко во косата, туку делува површно. Познато е дека Џенифер Анистон, на која многу девојки и жени и завидуваат за должината и убавината на косата, го користи овој начин на одржување на својата фризура да изгледа беспрекорно.
Еве како можете да користите аспирин:
Скршете 2-3 аспирини и додадете во маската и оставете да делува 15 минути.
Можете исто така да додадете мелени таблети аспирин во шампонот, да го намачкате во косата и да чекате 2 до 3 минути за да работи. Потоа исплакнете ја косата и продолжете со вообичаената рутина за нега.
Повторете ја оваа постапка еднаш неделно, не почесто за да избегнете оштетување на косата. Исто така, не се препорачува за оние дами кои имаат тенка, кршлива и сува коса.