Во октомври ќе имаме 2 неработни денови, а 1 продолжен викенд

До крајот на годинава остануваат уште три државни празници, односно неработни денови кои важат за сите граѓани на земјава. Два од нив се во месец октомври, а до крајот на 2019 ќе имаме и два продолжени викенди.
Следниот неработен ден за сите граѓани е 11 Октомври, Денот на народното востание, кој паѓа во петок, па со тоа добиваме и продолжен викенд. Вториот е 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба и третиот 8 Декември (недела), “Св. Климент Охридски”, па неработен е 9 декември (понеделник) и повторно ќе имаме продолжен викенд.
Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

За сите граѓани на РМ

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.