Вонредни инспекциски контроли на АХВ во туристичките центри во земјава. Пронајдена половина тон небезбедна храна. Затворени се дрвените куќарки на охридскиот плоштад, биле регистрирани за продажба на сувенири, а продавале крофни и палачинки…
Пред стартот на сезоната, Агенцијата за храна со вонредни инспекциски контроли во туристичките центри. Во Охрид и Струга., пронајдени и уништени се речиси половина тон небезбедно месо и месни подготовки.
Затворени се пет времени објекти бидејќи не исполнуваат основни услови за работа.
„На Градскиот плоштад Свети Климент Охридски затекнати се пет времени објекти (дрвени куќарки) без основни услови за работа, неприклучени на градската водоводна мрежа. Истите се затворени“, информираат од АХВ.
Граѓаните велат, потребни се зачестени контроли на трговците, угостителите и производителите на храна.
„Никој не знае, претпоставка е дека тоа што се декларира но не треба да се оди формално. Не значи дека треба да биде санкција треба укажување дека тоа што се прави не е добро за сите. Тоа предизвикува трошоци, последици, лекување“, вели локален жител.
„Треба нормално секоја инспекција треба да работи и не само за храна за се треба да работи бидејќи очигледно е дека ние не сме совесни“, додаде друг.
„Овде кога има повеќе гости никој не гледа. Нема никаква контрола ни на месо, ни на бурек, ни на ништо. 0520 јас лани се разболев во чаршијата ама сега дуќанот е затворен ќебапчиња си изедов две и умрев од стомакот. Нема контрола никогаш немало“, рече локален жител.
Граѓаните повикуваат да се почитуваат пропишаните стандарди и норми во однос на хигиенските и санитарните услови.
„За се има правилници, нормативи и стандарди. Постои законска рамка која определува кој вид на дејност каде може да се врши. На службите тоа им е добро познато дали некој од време на време или повеќе замижува во поглед на таквите состојби е прашање каде е моралниот елемент кон неговата обврска да си ја врши функцијата за која е институционализиран за што народот го плаќа“.
„Не смее ама кај нас се е можно“.
„Нема вода тоа не може, треба да се внимава ама луѓето не гледаат. Ќе правиме и готово. Ама срамота е“
Инспекторите затекнале и две работилници кои не биле регистрирани како оператори со храна, нив им се изречени забрани за вршење на дејност. При вонредните контроли на АХВ на брегот на Охридското Езеро, казнети се десет правни лица, а донесени се 9 решенија за отстранување на утврдени недоследности.
Извор:МТВ