Како што пренесуваат локалните медиуми гувернерка од Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа во пад на хеликоптер во централно Мексико.
„Ројтерс“ пренесува дека гувернерката на мексиканската сојузна држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кој претходно бил гувернер на истата мексиканска сојузна држава, загинаа откако хеликоптерот се срушил веднаш по полетувањето од хелиодромот и целосно е уништен. Информации за тоа колку вкупно луѓе имало во хеликоптерот се уште нема.
Пронајдете не на следниве мрежи: