Во пад на хеликоптер загинаа гувернерка и сенатор на Мексико

Како што пренесуваат локалните медиуми гувернерка од Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа во пад на хеликоптер во централно Мексико.
„Ројтерс“ пренесува дека гувернерката на мексиканската сојузна држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кој претходно бил гувернер на истата мексиканска сојузна држава, загинаа откако хеликоптерот се срушил веднаш по полетувањето од хелиодромот и целосно е уништен. Информации за тоа колку вкупно луѓе имало  во хеликоптерот се уште нема.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.