сабота, 14 ноември 2026
Најново

Во Пекинг расте бројот на заразени со корона вирус, затворени продавниците, театрите и универзитетот

Nurse wearing respirator mask holding a positive blood test result for the new rapidly spreading Coronavirus, originating in Wuhan, China
Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во Пекинг се затворени продавниците, освен оние во кои се продаваат најосновните артикли и рестораните. Одложена е и дозволата за изведување настапи во еден од најстарите и најпознатите театри во главниот град на Кина, Јичијанг. Театарските претстави требаше да продолжат на 27 ноември, но датумите за повторно отворање се повторно одложени.

Кинеските власти соопштија дека се регистрирани 24.263 нови случаи на заразени со корона вирусот, од кои 515 се во Пекинг.

Големо мнозинство од новозаразените лица немале никакви симптоми, соопштија здравствените служби.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Низ цела Кина се воведени карантини и други строги контролни мерки, а на жителите на Пекинг им се советува да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно. Од средата е забранет и пристапот до елитниот универзитет во Пекинг.

Луѓето кои биле на пазарот во југоисточен Пекинг, каде беше откриен случај на корона вирусот се ставени во карантин во хотел на сопствен трошок.

Поврзани вести